Супер Куп во супер топло Скопје

Фудбалска еуфорија во Скопје

Македонија домаќин на супер купот и на илјадници фанови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Спорт и забава во центарот на Скопје.

Фудбалскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во рамките на Супер Купот на УЕФА се игра вечерва во Скопје со почеток во 20:45 часот. Македонија домаќин на супер купот и на илјадници фанови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Спорт и забава во центарот на Скопје.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Празник на фудбалот во Скопје

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, актуелните шампиони на Лига Европа и нивните колеги од Реал Мадрид, кои се европски прваци тренираа и ја почуствуваат климата во главниоѕт град на Македонија. Велат топло е и затоа ќе има и малку одмор за фудбалерите и среде двете полувремиња. Дел од нивниот тренинг на Градскиот стадион во Скопје.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дел од тренингот на Реал и Манчестер во Скопје

Како и да е, во Скопје се е под знакот на големиот фудбалски спектакл, Супер купот меѓу најдобрите екипи во Европа, Реал и Манчестер јунајтед.Љубителите на фудбалот уживаат во фан зоната на Плоштадот „Македонија“. Главниот град пулсира во ритамот на фудбалот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Скопје одбројува до Супер Купот

Хотелите се под силно полициско обезбедување. Поради натпреварот има посебен сообраќаен режим и посебен режим на движење на пешаци во близина на стадионот, просторот во Градскиот парк во Скопје, од ресторанот „Томче Софка“ до ресторанот „Уранија“ и на Кејот на Вардар од пешачкиот мост во близина на Луна паркот до паркот на Франкофонија, соопштуваат од ФФМ. На овој простор ќе се пропуштаат само луѓе со соодветни акредитации.