МТСП: Нема да се градат станови за бегалци

Транзитниот центар за мигранти во Табановце.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека нема да се градат станови и кампови за бегалци, нема да се даваат државјанства за бегалци, ниту пак ќе се активираат некои други мерки во таа насока.

Секоја информација во поинаква насока, истакнуваат од МТСП, е лага, неточна и невистинита.

Од Министерството наведуваат дека Република Македонија е држава која е транзитна станица на бегалците, и во минатото, и во бегалската криза од 2015/16 година. Kако земја членка на Обединетите Нации, стои во соопштението, нашата земја ќе им помогне на бегалците на нивниот пат кон крајните дестинации, согласно меѓународните стандарди и ратификуваната Конвенција за правата на бегалците од 1994 година.

„Предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027“ е продолжение на иста таква стратегија за периодот 2009-2015 година, донесена од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Документот нема никакво обврзувачко дејство и тие кои во минатото ја потпишале оваа стратегија го знаат овој факт, нагласуваат од МТСП и ги осудуваат дезинформациите и наменското ширење страв и ксенофобија кај граѓаните