Продолжува собраниската седница за ребалансот на буџетот

седница на Собранието на Македонија

За денеска во 11 часот е закажано продолжението на седницата на Собранието на Македонија на која се расправа за ребалансот на буџетот. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се на став дека со ребалансот на Буџетот се крати на капиталните инвестиции, се намалуваат парите за образованието, здравството, полицијата, армијата, се вработуваат партиски кадри, а обвинија и дека ќе се градат кампови за мигрантите. Пратениците од СДСМ посочија дека со овој ребаланс на Буџетот се кратат нереалните трошења. Дебата за ребалансот на Буџетот, која запона на 1 август, предвидено е да трае пет дена.