Собраниската дебата за ребалансот продолжува утре

Министерот за финансии Драган Тевдовски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот го закажа продолжението на седницата на која се расправа за ребалансот на буџетот, откако седницата беше прекината во 17 часот.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно со став дека со ребалансот на Буџетот се крати на капиталните инвестиции, се намалуваат парите за образованието, здравството, полицијата, армијата, се вработуваат партиски кадри, а обвинија и дека ќе се градат кампови за мигрантите.

Пратениците од СДСМ посочија дека со овој ребаланс на Буџетот се кратат нереалните трошења.

Дебата за ребалансот на Буџетот, која запона на 1 август, предвидено е да трае пет дена.