Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата на која треба да се расправа за ребалансот на буџетот поради немање кворум и присуство на само 59 пратеници. Седницата треба да продолжи во 11 часот. Расправата за ребалансот на буџетот може да трае пет дена. Пратениците требаше да се изјаснат по предлог-измените на законот за култура кои ги образложи ресорниот министер Роберт Алаѓозовски.