ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да го разгледа договорот со Бугарија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска изјави дека неговата партија бара јавна, отворена и итна седница пред потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија. Според него, Собранието треба да го разгледа договорот и да донесе заклучоци дали треба да се потпише. Договорот, како што наведува тој, е штетен за Македонија. Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ќе ја информира јавноста за договорот, кој беше усвоен на последата владина седница.