Затворени два сајта за шверц на дрога и оружје

илустрација

Американската полиција и европската полициска агенција Еуропол соопштија дека затвориле два сајта за шверц на дрога и оружје на посебниот „невидлив“ дел на интернет, познат како „Дарк веб“. Американскиот министер за правда Џеф Сешонс изјави дека станува збор за „Алфабеј“ и „Ханса“ на кои имало неколку десетици илјади препродавачи на дрога со околу 200 илјади купувачи во светот. „Овој случај покажува дека никој не може да се сокрие“, изјави Сешонс.