Милион луѓе починале од болести поврзани со сида во 2016

Жена носи црвена панделка која ја асоцира борбата против хив вирусот на светскиот ден на жртвите од сида.

ОН соопштија дека од болести поврзани со сида во минатата година починале милион луѓе, што претставува пад од 50 проценти на смртни случаи во однос на 2005 година кога беше екот на епидемијата. Но, според извештајот, бројката на смртни случаи се зголемила во источна Европа и централна Азија, како и Блискиот Исток и северна Африка. Во минатата година, 19,5 милиони луѓе од 36,7 милиони кои живеат со ХИВ вирусот имале пристап до медицински третман.