Директорот на СОЗР - Претходната влада потрошила милион евра за лед екрани

Илустративна фотографија.

Претходната Влада преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) набавила два ЛЕД екрани за надворешна употреба за скоро еден милион евра, соопштува директорот на СОЗР Пеце Мирчевски. Од ВМРО-ДПМНЕ во реакција велат дека мониторите се набавени во транспарентна процедура на законски начин и оти остануваат во сопственост на државата.

Мирчевски објаснува дека од документацијата уведеле оти, првиот од како што вели „двата нерационални договори“ е направен во 2015 година за набавка на ЛЕД екран за Факултетот за драмски уметностви во вредност од 340 илјади евра, а вториот монитор бил набавен во 2016 година за Палатата АСНОМ во вредност од 650 илјади евра. Тој посочи дека ќе покренат дисциплински постапки против вработените кои биле дел од извршувањето на задачите и дека ќе достават материјал до Јавното обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата го повикува СДСМ да покрене соодветна постапка доколку има било каков сомнеж дека е сторено нешто надвор од законот.

„Се друго е само гол политички популизам и манипулирање на јавноста од кое што граѓаните немаат никаква полза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.