Првата прашина донесена од Месечина на аукција

илустрација

Првата прашина собрана од површината на Месечината се очекува да биде продадена за над 4 милиони долари кога ќе се појави на аукција во Њујорк во наредната недела. На меѓународната аукција ќе се продаваат и други предмети користени од екипажот на Аполо 13, вселенска опрема и фотографии на НАСА. Аукцијата се одржува по повод 48 годишнината од првото спуштање на Месечината кога американскиот астронаут Нил Армстронг ги собра првите примероци на месечева прашина.