СЈО поднесува жалби за одлуките на Кривичниот суд

Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска.

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалби за дел од одлуките на кривичните совети, со кои беа одбиени барањата за притвор и мерките за претпазливост а беа определени поблаги мерки. СЈО ги обжали решенијата со кои нема притвор за обвинетите во ТНТ, Триста, Тендери, Траекторија, Тотал и Титаник 3 во кои се бараше притвор за екс министрите Елизабета Канческа Милевска и Владимир Пешевски, градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски и уредникот во ТВ Сител Драган Павловиќ Латас.

СЈО најави дека ќе ги обжали и одлуките за Таргет и Тврдина, односно одбивањето да им се определи притвор на екс шефот на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот началник на петата управа во МВР, Горан Грујевски.

По жалбите на СЈО одлучува Апелациониот суд во рок од два дена.