Во Хаг пресуда за делумна одговорност на Холандија за Сребреница

Судиите од Хашкиот суд ја читаат пресудата за случајот.

Судот во Хаг пресуди денеска дека Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 300 муслимани убиени од страна на силите на босанските Срби во маскарот во Сребреница во 1995 година. Судот со тоа во голема мера ја потврди пресудата од 2014 година на друг суд дека државата била одговорна за смртта на босанските муслимани кои биле протерани од холандската база на ОН во јули 1995 година, а потоа и убиени. Веќе донесената пресуда беше обжалена од роднините, кои бараат одговорност за жртвите во Сребреница како од Холандија, така и од холандската Влада. Пресудата беше обжалена и од холандската Влада. Хашкиот суд ја ублажи и одговорноста на холандските војници во однос на пресудата од 2014 година.