Белгиските власти соопштија дека уапсиле 4 лица кои се поврзани со неуспешниот бомбашки напад на Централната железничка станица во Брисел. Според обвинителството, тие биле уапсени за време на серија на рации во населбите Моленбек и Коекелберг.
Пред два дена 36 годишен маж се обиде да го изврши нападот, но направата делумно експлодираше, по што напаѓачот беше убиен од страна на еден војник кој бил на патрола.