Македонија ќе ги користи искуствата на Бугарија за европските фондови

Средбта на функионери на Македонија и Бугарија во Софија. 20.06.2017

Вицепремиерот за европски прашња Бујар Османи оствари средба со вицепремиерот за ЕУ фондови и економска политика Томислав Дончев во рамки на посетата на Бугарија, на која размениле искуства за привлекување на средствата од ЕУ фондовите и било договорено веднаш да се направи агенда за заедничко разменување на искуства.

Османи истакна дека Бугарија е една од земјите со највисока стапка на апсорпционен капацитет на тие фондови, посочувајќи дека за Македонија е важно да ги задржи средствата кои ги има и оние кои се програмирани. Тој посетата ја оцени како корисна и додаде дека оти дава позитивни сигнали на патот на ЕУ интеграциите.