Пороен дожд и град во Скопје

Невреме со пороен дожд и град го погоди Скопје попладнево. Од УХРМ предупредуваат дека е можна појава на одрони и свлечишта поради дождот. Препорачуваат внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода.

Според најавите, во вечерните и ноќните часови се очекува променливо облачно време, а наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Управата за хидрометеролошки работи соопшти дека невреме имало и во Велес и Свети Николе, а се очекува и во Тиквешкиот регион.