Седница на Владата за евроинтеграциите

Влада на Република Македонија.

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи четвртата седница, на која е предложено да се разгледуваат итните реформски приоритети, состојбите и приоритетите во процесот на европските интеграции, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ, статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО и за одредени кадровски прашања, соопшти прес службата на Владата.