САД и ЕУ бараат слобода за мирните демонстранти во Русија

Oпозицискиот лидер Алексеј Навални

САД, Европската унија, како и организациите за човекови права го осудија притворот на стотици мирни демонстранти во Русија.

Околу 1.560 поддржувачи на опозицискиот лидер Алексеј Навални се уапсени за време на демонстрациите за борба против корупцијата на 12 јуни во Русија.Во Москва беа уапсени 866 демонстранти а во Санкт Петербург 548.

Навални беше уапсен на 12-ти јуни, пред почетокот на неодобрениот митинг во Моксва и е осуден на 30 дена затвор.

Белата куќа ја повика Русија да ги ослободи демонстрантите, велејќи дека нивниот притвор е "навреда за основни демократски вредности."

Навални повика на демонстрации против „систем на корупција и непотизамот“ со кој раководел претседателот Владимир Путин.