Иран испрати храна во Катар по одлуката за регионална блокада од арапските земји . Официјални лица соопштија дека се испратени пет авиони со прехранбени продукти, додавајќи дека друг авион ќе биде испратен во текот на утрешниот ден.
Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и други држави минатата недела одлучија да ги прекинат сите врски со Катар, обвинувајќи го за поддршка на исламистичките милитанти и нивниот противник Иран. Овие обвиненија Доха ги негира. Иран го отвори својот воздушен простор за летови од Катар по затворањето на воздушниот простор од арапските соседи на Катар.