Трамп го повика Катар да престане да го финансира тероризмот

Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп го засили притисокот врз Катар, по сигналите на државите во Заливот за наводно финансирање на екстремисти. Трамп, говорејќи синоќа на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис, го нападна Катар, велејќи дека "за жал,тој е финансиер на тероризмот на многу високо ниво." Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и неколку други држави неодамна ги нарушија односите со Катар поради сомневања за негова поврзаност со тероризмот и финансирање на екстремистички групи. Трамп изјави дека за време на неговата неодамнешна посета на Саудиска Арабија, државите кои присуствувале на самитот " ми зборувале за однесувањето на Катар. " Ние го повикуваме Катар да стави крај на финансирањето. ", рече тој. "Стоп за обуките на луѓето да ги убиваат другите, и да застане полнењето на нивните умови со омраза и нетолеранција", рече тој. До изјавата на Трамп дојде неколку часа откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика арапските држави да ги олеснат нивните блокади кон Катар.