СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречува реформите

СДСМ

Новата реформска Влада предводена од СДСМ со своето работење покажува како се работи во интерес и служба на граѓаните, наведува СДСМ во реакцијата на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- За само неколку денови од работата на новата реформска Влада, граѓаните веќе ги чувствуваат промените кои носат квалитетен живот за сите. Учениците, наставнците и родителите се ослбодени од стресот што им го предизвикуваше непотребното екстерно тестирање. Заврши времето кога без консултација на граѓаните, на засегнатите страни и широката граѓанска јавност се носеа вакви штетни и неквалитетни проекти, стои во реакцијата.

Спроведувањето на зацртаните реформи, се вели во реакцијата, „ќе се одвива посветено, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните, наместо избрзано, насилно и за криминални интереси, како што 11 години тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ“.

Претходно ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение во кое ја обвини СДСМ дека се занимава со попилизам .

Заев нема да може вечно да ја прикрива неработењето и неспособноста преку црни кампањи против ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му ги води Катица Јанева. Ќе дојде моментот кога Заев ќе биде прашан каде се ветените проекти и мерки. Од голиот популизам, укинувањата, блокирањата и најавите за уривање не се подобрува стандардот. СДС во текот на изборниот период ветуваше дека ќе го слуша гласот на граѓаните и нивните потреби ќе бидат пред се. СДС сега доби шанса да го стори тоа со граѓанскиот предлог за зголемување на периодот на породилно отсуство за мајките од 9 на 18 месеци. СДС ги изневери очекувањата и ветувањата дека ќе се посвети на граѓанските иницијативи, стои во соопштението.