Американскиот претседател Доналд Трамп нема да се обиде да го блокира сведочењето на поранешниот директор на Федерланото истражно биро Џејмс Коми пред сенатскиот Комитет за разузнавање за наводното руско мешање во претседателските избори, соопшти Белата куќа. „Претседателот Трамп нема да се повика на јасно востановената „извршна привилегија“ со цел да обезбеди брза и темелна истрага за отпуштањето на Коми и за наводното мешање на Москва во американските претседателки избори“, рече портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс.
Трамп нема да го блокира сведочењето на Коми
поранешниот директор на Федерланото истражно биро Џејмс Коми и aмериканскиот претседател Доналд Трамп