Македонија ја прослави титулата на „Вардар“

Ракометен клуб Вардар, еврпски шампион

Голем број граѓани на Скопје се собраа на централниот плоштад за да ја прослават победата на ракометарите на „Вардар“ во финалето на Лигата на шампионите. Победата на македонскиот ракометен шампион врз францускиот тим „ПСЖ“ беше прославена и во други градови во Македонија. Освојувањето на титулата шампион на Европа на играчите на „Вардар“ им ја честитаа премиерот Зоран Заев, како и повеќе сегашни и екс министри и функционери. Ракометарите на „Вардар“ утре ќе се вратат во Скопје.