Тодоров не е повреден, напаѓачот е приведен

Архивска фотографија - Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров

Пред Министерството за здравство денеска во 12 часот, 57 годишен човек од Велес испукал два куршума кон поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, соопштуваат од МВР, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Во инцидентот нема повредени луѓе, а човекот кој пукал е приведен на самото место, велат од МВР. Пронајдени се и чаури.

Полицијата врши увид. Во Министерството во 12 и 30 Тодоров требаше да му ја предаде функцијата на новиот министер Арбен Таравари.