Српската амбасадорка на разговор во МНР

Српската амбасадорка во земјава, Душанка Дивјак Томиќ.

Српската амбасадорка во земјава, Душанка Дивјак Томиќ денеска беше повикана во МНР за да објасни зошто нејзиниот советник и офицер на БИА, Горан Живаљевиќ бил присутен во Собранието за време на насилствата на 27 април. Дивјак Томиќ при напуштањето на МНР кратко изјави дека се што требало да се каже на темата, веќе било соопштено.

Во меѓувреме српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Живаљевиќ не се мешал во внатрешните работи на Македонија, туку неговата задача било да информира за ситуацијата.