Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре ќе патува во Брисел, соопшти портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешна прес-конференција. Тој рече дека Заев како мандатар за состав на новата влада добил лична покана од шефицита на европската дипломатија Федерика Могерини за присуство на утрешната средба и оти Заев прво ќе има билатерална средба со Могерини, а потоа ќе присуствува на заедничка вечера со премиери од регионот.
Лидерот на СДСМ Заев утре ќе патува во Брисел
Зоран Заев, мандатар за состав на новата Влада на Република Македонија и претседател на СДСМ Скопје, 17.05.2017