Судот во Азербејџан одреди казна затвор од 30 дена за новинарот Ниџат Амирасланов, откако го прогласи за виновен за давање отпор на полицијата. Амирасланов, кој е независен новинар од северноисточната област Казак, беше притворен на 22 мај, а судот денеска ја одреди затворската казна. Колегите и пријателите на Амирасланов велат дека неговото апсење е одмазда на локалните власти за неговото известување и неговите мислења коишто ги објавува на интернет.
Меѓународните групи за заштита на човековите права и западните влади ја критикуваа поранешната советска република производител на нафта за супресија кон независните новинари. Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев ги отфрла критиките.