Судскиот процес против главните осомничени за обидот за воен удар во Турција минатата година започна денеска, под засилени безбедносни мерки, јави агенцијата Анадолија.
Осомничени се 221 лице, меѓу кои и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Се товарат за раководење или учество во терористичка организација, којашто турските власти ја нарекуваат „Фетхулахистичка терористичка организација“ (ФЕТО) и ја сметаат за одговорна за обидот за преврат во Турција на 15 јули 2016 година, при што загинаа 250 луѓе, а околу 2.000 беа повредени.