Меѓународниот суд за правда во Хаг смета дека Пакистан не треба да ја изврши смртната казна за индискиот офицер кој беше осуден за шпионажа и тероризам. Судот во Хаг донесе одлука со која му наложува на Пакистан да го сопре спроведувањето на смртната казна. Судот одлучувал откако Индија поднесе тужба против Пакистан минатата недела наведувајќи дека Исламабад ја прекршува Виенската конвенција за конзуларна помош, при апсењето на индискиот офицер минатата година во Пакистан. Индија бара од судот во Хаг дополнително да преземе мерки за стопирање на процесот на егзекуција во Пакистан додека не се заврши судската битка.