Собранието в понеделник ќе се координира за локалните избори

Талат Џафери, претседател на Собранието на РМ

Претседателот на Собранието Талат Џафери за в понеделник закажа координација на претставниците напарламентарни партии, на која треба да се разговара за локалните избори. Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува в понеделник на 15 мај. Ако на координацијата политичките претставници се согласат за датум за одржување на локалните избори, може уште во понеделник да се одржи собраниска седница за измени на законите со кои би им се продолжил мандатот на градоначалниците.

Претседателот на Собранието вчера рече дека мисли оти партиите нема да се впуштат во блокада на локалната власт, бидејќи, како што рече, тоа е во интерес на сите граѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера понудија три датуми како можност за оддржување на локални избори. Првиот термин, според нив е 2 јули, а во игра се и датумите 17 или 24 септември. или 15 октомври.

Локалните избори, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, може да се закажат за есенва или идната пролет.

Ако не се продолжи мандатот на градоначалниците, граѓаните ќе се соочат со многу проблеми.