СДСМ во денешното соопштение наведува дека е потребно сите институции и политички субјекти во државата да бидат на највисоко ниво на одговорноста за да се избере новата влада во најбрзо време и да се се создадат законски услови за одржување на локалните избори.
„Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за формирање влада. Постои Програма на реформската влада што ја гарантира унитарноста на Република Македонија, работа според Уставот и во интерес на евро-атлантските перспективи“, стои во соопштението
Според СДСМ, оваа практика на кочење на демократските процеси оди на директна штета на граѓаните, кои чувствуваат штети врз нивните семејни буџети, а од понеделник голем дел од граѓаните во општините ќе останат без плати и потребните општински услуги.
ВМРО-ДПМНЕ, пак во нивното соопштение се осврнува на новиот претседаттел на Собранието, Талат Џафери.
„Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, отпочна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и имплементира двојазичноста на дело“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.