Џафери вети добра соработка со медиумите

Новиот претседател на Собранието Талат Џафери денеска најави дека неговите врати ќе бидат отворени за медиумите со цел тие да можат изворно да известуваат од Парламентот.

Тој денеска одржува средба со новинари во својот кабинет. Во поканата која беше испратена до медиумите беше посочено дека на средбата ќе се разговара за транспарентноста на Собранието и за актуелните состојби во државата.

Претходно денеска Џафери се сретна и со амбасадорите од земјите членки на Европската унија.