Делегација на Конгресот на САД ја посети Македонија

Делегација на американскиот Конгрес на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери

Делегација на американскиот Конгрес предводена од Боб Гудлат, кој е претседател на Комитетот за правосудство при Претставничкиот дом беше во посета на Македонија на средби со властите, вклучувајќи го и претседателот на Собранието Талат Џафери, како и членови на законодавниот дом и специјалната обвинителка Катица Јанева, соопшти амбасадата на САД во Македонија.

Делегацијата, исто така, се сретнала и со министерот за одбрана Зоран Јолевски и министерот за надворешни работи Никола Попоски, при што извршила проверка и на опремата која ја донирале САД на баталјонот на воената полиција во касарната Илинден. Членовите на делегацијата на средбите дискутирале за зајакнување на владеењето на правото во Македонија, воената соработка, како и процесот на формирање влада.