Mинистерот за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа до Собранието, односно до собранискиот спикер Талaт Џафери доставиле барање да се најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и притоа укажале на проблемите кои ќе настанат поради таквата ситуација.
Џафери, барањата ги доставил до пратениците, бидејќи како што соопштуваат од одделението за јавно информирање на Собранието, ова прашање исклучиво е во надлежност на Собранието кое бара итно усогласување на сите политички партии во Парламентот во однос на потребните измени во Изборниот законик, но и на сите други активности кои се однесуваат на постапката утврдена во Деловникот како во однос на основање на сите работни тела така и во однос на постапката за разгледување и донесување на законите.