Почина славниот македонски музичар и перкусионист Зоран Маџиров на 49-годишна возраст. Популарниот Ботлмен никогаш не се опорави од последиците од тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа во октомври минатата година на магистралниот пат Штип-Радовиш, по што беше пренесен на скопските клиники.
Мајсторот на изведба на празни шишиња, музички номад и џез музичар Зоран Маџиров во изминатите години се стекна со репутација на музичар кој успешно настапува насекаде во светот – од Њујорк, преку која било европска метропола до родната Струмица.