Трамп и Макрон ќе се сретнат на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон на маргините на самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор меѓу двајцата државници. „Претседателот Трамп изрази надеж дека блиску ќе соработува со избраниот претседател Макрон за да се спротивстават на заедничките предизвици и ја истакна долгата и солидна традиција на соработка меѓу САД и нивниот најстар сојузник Франција“, се наведува во соопштението.