Макрон победи на претседателските избори во Франција

ТВ екран кој прикажува како Макрон е избран со над 65 отсто од гласовите. 07.05.2017

Про-европскиот центрист Емануел Макрон денеска е избран за претседател на Франција, поразувајќи ја крајно-десничарската националистка Марин Ле Пен. Излезните анкети покажуваат убедлива победа на Макрон со добиени околу 65 проценти од гласовите, откако трката започна со хакерски напад на изборната кампања на Макрон на часови до почетокот на гласањето. Макрон е 39-годишен поранешен министер за економија и банкар кој победи во првиот круг од претседателските избори на 23 април, водејќи про-европска кампања, додека неговата противничка Марин Ле Пен водеше анти-миграциска кампаања и сакаше Франција да ја напушти Европската унија и валутата евро.