На Јанукович му се суди за предавство на Украина

Адвокатот на Јанукович за време на денешното рочиште.

На поранешниот украински претседател Виктор Јанукович му се суди во отсуство под обвинение за велепредавство. Судењето во Киев започна денеска, при што двајца адвокати го застапуваат обвинетиот. Јанукович ја напушти функцијата при крајот на февруари во 2014 година и избега во Русија во услови на масовни протести во земјата како резултат на неговата одлука да се откаже од договорот со ЕУ со цел да ги зголеми на трговските врски со Москва.

Тој се уште се наоѓа во Русија и се товари за предавство и за прекршување на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, како и за поттикнување на агресија од страна на Русија. Според обвинителството, клучен доказ е писмото во кое Јанукович побарал руските власти да интервенираат во земјата.