Протести во Букурешт поради амнестија за корупција

од протестот во Букурешт, 03.05.2017.

Над илјада луѓе протестираа во Букурешт пред романската влада поради одлуката на собранискиот одбор за правни прашања да амнестира одговорни за корупција. Стотина демонстранти со знамиња на Романија, НАТО, ЕУ и САД извикуваа: „Да ја одбраниме земјата од крадци“. Демонстрантите го блокираа плоштадот каде што се наоѓа седиштето на владата. Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека бил „непријатно изненаден“ од гласањето во Одборот. Вчерашниот протест уследи по неколкунеделните демонстрации во јануари кога владата реши да ја декриминализира корупцијата, од што потоа се откажа.