Иванов бара помош од САД

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов побара од САД, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот. Преседаните со кои се воведува практика, а нелегалното станува легално ги поткопува основните демократски принципи, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов по средбата со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји.

Претседателот Иванов подвлече дека доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на Влада се надминливи, се вели во соопштението.

Во продолжението е наведено дека на средбата Иванов изјавил дека бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање Влада во Република Македонија, се вели во соопштението. Во продоложување е наведено дека Иванов го осудува политичкото и физичичкото насилство и повика граѓаните да останат воздржани и трпеливи, затоа што постојат решенија кои треба да се донесат со разум и преку дијалог.