За Вељановски изборот на Талат Џафери е нелегален

Трајко Вељановски

Tрако Вељановски вели дека не го признава Талат Џафери за нов претседател на Собранието и најави дека тој ќе продолжи со претседавање во Собранието кога ќе се создадат услови.

„Како може да кажат дека го избрале Талат Џафери за претседател во Собранието? Тие ги прекршија член 9 од Деловникот, член 36 од Уставот. Немаше јавност, собранискиот канал немаше пренос. Не е јавност ако тие се снимаат со телефони, потенцираше Вељановски за вестите на телевизијата Сител.

Според него деловникот предвидува избраниот претседател свечената изјава да ја даде пред претседавачот, а тоа во случајот е заобиколено.