Медиумски здруженија со осуда за нападите врз новинарите

Поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Собрание.

Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, како и група претставници од меѓународни новинарски организации кои се во посета на Македонија соопштија дека ги осудуваат физичките напади врз новинарите во вчерашните инциденти во Собранието и побараа спроведување итна истрага од страна на надлежните институции за нивно расветлување.

“Сакаме недвосмислено и цврство да ургираме кај политичките партии и сите релевантни тела и авторитети да ги спречат сите понатамошни напади и да обезбедат сигурно опкружување за новинарите и слободата за изразување. Ги повикуваме судските и сите останати авторитети да престанат со сеприсутната практика на неказнивост. Македонските власти мора да спроведат брза и темелна истрага за сите случаи на напади кон новинарите“, рече Катарина Никулчич која ја прочита заедничката изјава од Европскиот центар за прес и медиумски слободи (СЦПМФ), Европската Федерација на Новинари, СЕЕМО и OBCT.

Тамара Чаусидис која се обрати од име на ССНМ и ЗНМ истакна дека бараат од органите на прогонот веднаш да излезат со обвинителни акти.