Меѓународни осуди на насилствата во Собранието

Амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Соумалаинен побара запирање на насилствата. Таа на Твитер напиша дека полицијата треба да ја осигура безбедноста на парламентот и на пратениците. Претседавачот на ОБСЕ, Австрија, исто така на Твитер ги осуди и повика на итно запирање на насилствата.

„Потребно е да се врати редот и мирот“, велат тие.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, пак, најостро ги осуди нападите врз пратениците.

„Насилството нема место во Парламентот. Демократијата мора да оти по својот пат“, напиша тој на Твитер.