Златната природа на Кожуф може да биде уништена поради злато?

Доколку добијат дозволи, меѓународни компании од Канада ќе отворат рудници за злато на планината Кожуф. Ќе бидат направени кратери каде ќе се вади руда со експлозив и огромни багери, за потоа да се третира со цијанид за одвојување на златото.