Во седиштето на УЕФА, во Нион, денеска беа извлечени двојките за полуфиналето во Лигата на шампионите.
Градските ривали Реал и Атлетико Мадрид, меѓусебе ќе се борат за финалето.
Прв во двомечот домаќин ќе биде Реал, а реваншот ќе се игра на стадионот на Ателтико.
Во второто полуфинале Монако прво ќе го пречека Јувентус, а потоа ќе се игра реваншот во Торино.
Првите мечеви ќе се играат на 2 и 3 мај, а реваншите се закажани за 9 и 10 мај.