Стејт департментот - Да се формира Влада без одлагање

Архива - Просториите на Стејт департментот во Вашингтон.

Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат се што можат за формирање на Влада без натамошно одлагање, за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атланското семејство, реагираше американскиот Стејт департмент во коментар за политичката криза за Гласот на Америка на македонски јазик.

Во рекцијата се вели дека македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември и оти постои јасно мнозинство во Собранието што чека да формира влада.

„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки“, се вели во реакцијата на Стејт департментот.