Британскиот Парламент ќе гласа за планот за предвремени избори

Архива - Британската премиерка Тереза Меј зборува во Долниот дом на Парламентот во Лондон. 14.03.2017

Британските пратеници денеска треба да гласаат за планот на премиерката Тереза Меј за одржување на општи избори во јуни. Предлогот на Меј за одржување предвремени избори на 8 јуни се очекува да обезбеди двотретинско мнозинство во Долниот дом на Парлментот за да оди напред. Во пресрет на гласањето, Меј рече дека предвремените избори ќе ја зајакнат на „најважната точка“ во британските разговори со Европската унија (ЕУ) за излезот на земјата од блокот.

Опозициската Лабуристичка партија и Либерално-демократаската партија ги поздравија предвремените избори, додека Шкотската национална партија (СНП) ги повикаа нивните пратеници да се воздржат од гласање. Меј направи изненадување со повикот за предвремени избори велејќи дека на Британија и треба сигрност и стабилност во пресрет на минатогодишниот референдум за излез од ЕУ.