Сомнителни над 2 ипол милиона гласови на референдумот во Турција

Поддржувачи на претседателот Реџеп Таип Ердоган по референдумот во Турција, 16.04.2017.

Неправилностите би можело да го смнат резултатот од неделниот референдум во Турција кој заврши со тесен резултат за измени на Уставот за поголеми овластувања на претседателот. Ова го изјави Алев Корун, австриски член на посматрачката мисија на Советот на Европа. „Постои сомневање дека над 2 ипол милиона гласови биле изманипулирани. Иако законот дозволува броење само на официјално затворени конверти, Изборната комисија дозволи броење и на оние што не немаат официјален печат“, изјави Корун. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли ваквите критики.