Зголемена претпазливост на косовската полиција за време на празниците

Илустративна фотографија - косовски полициајци влегуваат во полициска станица во Приштина.

На полициските службеници на Косово им е прекинат годишниот одмор и се повикани да се вратат на работа, каде наместо осум ќе работат по 12 часа поради вознемиреност од заканите за терористички напади за време на велигденските празници, потврди заменикот министер за внатрешни работи на Косово Милан Радоевиќ. Медиумите во Приштина пренесуваат дека за време на празниците косовската полиција ќе ги обезбедува сите цркви 24 часа.

Амбасадата на САД во Приштина им порача на своите граѓани да држат висок степен на внимателност и да преземат соодветни чекори за подобрување на личната безбедност. Сепак досега полицијата не објави конкретни податоци за можни закани.