Нема докази за приведениот исламист со нападот во Дортмунд

Напад на автобусот на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд

Германското обвинителство соопшти дека нема докази оти ирачкиот екстремист кој беше уапсен по нападот на фудбалски тим бил вклучен во нападот. Обвинителството соопшти дека дека 26-годишниот маж е осомничен дека бил член на екстремистичката група Исламска држава. Сепак, во соопштението се вели дека "досега во истрагата не се појавиле докази дека осомничениот учествувал во нападот" во Дортмунд на 11 април Три бомби експлодираа во близина на автобусот на Борусија Дортмунд, додека тој се движеше од хотелот на тимот кон стадионот за натпреварот на Лигата на шампионите. Обвинителството соопшти дека ирачанецот , наводно се приклучил на ИД во Ирак во 2014 година и предводел единица од околу 10 борци кои учествувале во киднапирања, изнудувања и убиства. Тие побараа од судот да го задржи во притвор поради истражни мерки.