Маж со исламистичко минато е задржан од германските истражни органи за нападот на автобусот на фудбалскиот тим Борусија Дортмунд, соопшти денеска федералното обвинителство. Фудбалер на Дортмунд и полицаец се повредени при експлозијата на трите бомби поставени на патот по кој тимот поминуваше за да стигне на натпреварот против Монако кој требаше да се одигра во рамки на Лигата на шампиони.
Истражните органи ги пребарале становите на двајца осомничени со исламистичко минато и притвориле еден од нив, соопшти обвинителството.Точниот мотив за нападот се уште не е јасен, велат од таму, додавајќи дека полицијата ги анализира три идентични писма најдени на местото на нападот.
Копијата од писмото која претходно беше објавена во националните медиуми покажува поврзаност со нападот на божикниот пазар во Берлин. Таканаречената Исламска држава презеде одговорност за нападот во Берлин во декември во кој загинаа 12 луѓе. Германската канцеларка Ангела Меркел е ужасната од нападот врз Борусија Дортмунд, рече денеска нејзиниот портпарол.